Брнабиќ: На дневен ред на Собранието во среда ќе биде и расправата за гласање доверба на Владата и на претседателката на парламентот

137
epa11187286 Serbian Prime Minister Ana Brnabic speaks during a press conference in Belgrade, Serbia, 28 February 2024. The final report of OSCE's Office for Democratic Institutions and Human Rights on the elections in Serbia, held on 17 December 2023, concluded that elections were held in 'unjust conditions' and were 'marred by harsh rhetoric, bias in the media, pressure on public sector employees and misuse of public resources'. Incumbent Prime Minister Brnabic used the report to criticize opposition groups and some media outlets of creating a 'false narrative' about the alleged fraudulent actions surrounding the electoral processes with the intention of destabilizing the country. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека на дневен ред на собраниската седница закажана за в среда, меѓу другото, ќе се најде и расправа за гласањето доверба на Владата на Србија, што претходно го побара опозицијата.

Таа во Палатата Србија рече дека ќе се разговара и за тоа дали пратениците ѝ имаат доверба и дали се задоволни од начинот на кој таа го води парламентот.

Според неа, на дневен ред ќе бидат и предлог-законот за станбени кредити за млади, предлог-закон за ограничување на каматните стапки, како и ратификација на договорот за слободна трговија со Египет и други теми.

Таа ги критикуваше пратениците од опозицијата кои најавија блокада на Народното собрание и рече дека тоа е единственото нешто што таа нема да го дозволи.

ИЗДВОЕНИ