Брнабиќ им се закани на студентите: Доколку продолжат блокадите и не ги исполнат условите за годинава, ќе ги загубат стипендиите, студентските домови и ќе ги вратат кредитите

600
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ на седницата на Комисијата за образование, наука и технолошки развој и информатичко општество предупреди дека студентите, доколку не ги исполнат условите за годината поради актуелните блокади, ќе ги загубат стипендиите, сместувањето во студентските домови и ќе треба да ги враќаат кредитите.

Во тек е седница на Комисијата за образование, наука и технолошки развој и информатичко општество на која присуствуваат претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, како и бројни професори, декани и претседатели на студентски парламенти, а поканети се и факултетите на четирите универзитети во блокада. Тема на седницата се блокадите на факултетите и заштитата на студентските права.

Како прва закана, Брнабиќ на седница на парламентарната Комисија за образование, наука, технолошки развој и информатичко општество ја наведе опасноста повеќе од 100.000 студенти да го загубат правото да студираат на товар на буџетот, а повеќе од 17.000 да го изгубат правото на студентски домови.

Брнабиќ додаде дека друга закана е тоа што студентите кои се самофинансираат и нивните семејства се изложени на дополнителни трошоци, долгови и „изгубени животни шанси“ поради блокадите наметнати од „некои пленуми“.

Таа посочи дека „страшната“ трета закана е дека поради блокадите сите факултети ќе бидат во финансиски проблеми, ќе одат во стечај, бидејќи е доволно само 100 студенти кои се самофинансираат да поднесат апликација.

Таа нагласи дека во Србија има околу 268.000 студенти, од кои 230.743 се на државните универзитети. На државните универзитети 102.413 се во буџетот, а 17.000 имаат места во студентските домови, кои ќе ги загубат доколку не ја запишат  годината, предупреди Брнабиќ, која повтори дека не поддржува протести или одлуки на „незаконски пленуми“, бидејќи блокадите директно го загрозуваат правото на студентите да студираат.

ИЗДВОЕНИ