Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ изјави дека ќе го потпише секој збор од „Студентски едикт“ усвоен во Ниш во саботата, доколку студентите во блокадата се држат до она што го потпишале.
Таа на ТВ Пинк изјави дека пред се размислува за граѓанските слободи и права.
„Размислувам за граѓанските слободи и правдата, дека сите имаме еднакви права, вклучително и студентите кои сакаат да полагаат испити“, рече Брнабиќ, додавајќи дека слободата на движење исто така е слобода.
Брнабиќ рече дека има многу студенти кои сакаат да студираат, а на прашањето каде се, таа одговори дека се „тука“.
Претседателката на Собранието изјави дека доколку факултетите не почнат со работа до 17 март, не мора потоа затоа што, како што тврди, „академската година е изгубена“ и дека не можеме да чекаме со месеци некој да ја провери документацијата.