Британските ученици под влијание на инфлуенсер кој промовира мизогинија

246

Повеќе наставници во Велика Британија оценија дека нивните ученици се под влијание на „феноменот“ на влијателниот британско-американски инфлуенсер Ендрју Тејт, чии коментари сметаат дека поттикнуваат мизогинија во училиштата, покажуваат резултатите од истражувањето на Синдикатот на наставници NASUWT.

Наставниците предупредија дека влијателите на социјалните мрежи како Ендрју Тејт го поттикнуваат порастот на мизогинијата во училиштата, при што некои момчиња дури одбиваат да разговараат со женсиот персонал во училиштата, објави денеска британски Телеграф.

„Момчињата одбија да разговараат со мене и наместо тоа разговараа со машкиот асистент, бидејќи јас сум жена, а тие го следат Ендрју Тејт и мислат дека тој е неверојатен со сите негови автомобили и жени, и (неговиот став) за тоа како треба да се постапува со жените. Тоа беа 10-годишни деца“, рече една наставничка во истражувањето.

ИЗДВОЕНИ