Британскиот Врховен суд пресече: Трансродовите жени не се жени!

27

Трансродовите жени не треба законски да се дефинираат како жени, пресуди Врховниот суд на Велика Британија. Првиот човек на судот лордот Хоџ рече дека термините „жена“ и „род“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат на биолошкиот, а не на стекнатиот пол.

-Едногласната одлука на овој суд е дека дефинициите на поимите жена и род во Законот за еднаквост од 2010 година значат биолошка жена и биолошки пол, рече тој пред судот и додаде дека оваа пресуда не треба да не се толкува како победа на една или повеќе групи на сметка на друга.

Одлуката е однесена по правен спор против шкотската регионална влада што го отвори групата што се залага за права врз основа на биолошкиот пол „За жените на Шкотска“, која побара толкување дали со дефиницијата за жени во Законот за еднаквост од 2010 година се опфатени и трансродовите лица со сертификати за женски пол. Групата, делумно финансирана и од писателката Џ.К. Роулинг, бара лицата кои самите се идентификуваат како жени, иако не се, да немаат пристап до услуги и простории резервирани за жени. Шкотската влада, поддржана од групите за права на трансродови лица, тврдеше дека сертификатот за промена на полот (ГРЦ) е доволен доказ и им овозможува на трансродовите жени да бидат вклучени во законските квоти за жени, на пример, во јавните органи и комисии.

По одлуката на Врховниот суд на Обединетото кралство, испишана на 88 страници  тоа веќе не е можно. Исто така, трансродовите жени го изгубија и можноста да се жалат дека неосновано им се одземени правата да користат тоалети и соблекувални за жени.

ИЗДВОЕНИ