Принцот Хари сака да му се врати британската безбедносна придружба и го образложува својот случај пред Апелациониот суд.
Принцот Хари, војводата од Сасекс, ја изгуби заштитата на британската влада во февруари во 2020 година откако се откажа од улогата на активен член на кралското семејство и се пресели во САД, пренесува АП.
Неговото рочиште е закажано за вторник пред Апелациониот суд во Лондон, каде правниот тим на британскиот принц ќе се обиде да ја оспори одлуката на понискиот суд.
Хари тврди дека тој и неговото семејство се изложени на ризик кога ќе ја посетат својата татковина поради непријателството насочено кон него и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, на социјалните мрежи и постојаното медиумско вознемирување.
Хари, 40-годишниот помлад син на кралот Чарлс Трети, ја отфрли тужбата за клевета против издавачот „Дејли мејл“ поради написот во кој се тврди дека се обидел да ги скрие своите напори да продолжи да го користи обезбедувањето финансирано од британската влада.
Сепак, тој постигна значајна победа на судењето во 2023 година во спорот против издавачот на „Дејли Мирор“ бидејќи судијата утврди дека хакирањето на телефонот на Хари било „широко распространето и рутинско“ во таблоидот.