На меѓународната политичка сцена се почесто се споменува третата светска војна и нуклеарното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена ги одобри „oсновите на државната политика на полето на нуклеарното одвраќање“, односно промена на руската нуклеарна доктрина, а британските медиуми сега објавија список од 12 земји кои би можеле да бидат најбезбедни доколку ова всушност се случи.

На првото место на листата, која е составена по азбучен ред, се наоѓа цел континент, а не земја – Антарктикот, а јасно е дека тоа е затоа што не е населен.

Следна е Аргентина, која би можела да биде земја каде што голем број од населението би можело да преживее глад по евентуална катастрофална нуклеарна војна. Во Аргентина има големо количество на отпорни култури како што е пченицата.

Трет на листата е Бутан, кој по влезот во Обединетите нации ја прогласи својата неутралност, што во комбинација со тешко проодните планински масиви може да и даде доза на безбедност на земјата.

Потоа следува Чиле со најдолгото крајбрежје во светот, кое, како и Аргентина, исто така има големо количество различни култури и природни ресурси.

Фиџи е петти на листата – целосно изолирана островска држава во Тихиот Океан.

На списокот е и Гренланд, кој не е независна земја, но и припаѓа на Данска.

По него на листата е Исланд, кој редовно е на врвот на најбезбедните земји според Глобалниот индекс на мирот. Исланд е исклучително богат со свежа вода и други ресурси.

На листата е и Индонезија со 270 милиони жители.

Деветти е Нов Зеланд, кој исто така се рангира блиску до врвот на глобалниот индекс на мир.

Следна е Јужна Африка.

На листата е и Швајцарија поради нејзината позната политика на неутралност која трае стотици години.

Последната земја на листата е Тувалу, островска држава која исто така се наоѓа во Тихиот Океан. Таму живеат само 11.000 луѓе.

ИЗДВОЕНИ