БРИТАНСКАТА МОНАРХИЈА ПРЕТРПЕ УДАР: Кралот Чарлс повеќе нема да биде на чело на земјата, таа станува република

385

Британската монархија претрпе удар оваа недела откако Јамајка усвои закон со кој кралот Чарлс повеќе нема да биде симболичен шеф на државата; оваа карипска земја станува република, пренесува Блумберг.

Министерката за правни и уставни прашања на Јамајка, Марлен Малаху-Форте, во вторникот го претстави законот за Република Јамајка, велејќи дека тој претставува најголем напредок досега во напорите за постигнување на националните цели.

– Ќе имаме Јамајканец за шеф на државата наместо наследената британска монархија – рече Малаху-Форте.

Јамајка со години размислуваше да ја напушти британската монархија, но овој политички проект беше оживеан во 2021 година кога Барбадос, првата земја што ги прекина врските со британската круна, стана република во 2021 година.