Еден од најстарите случаи на исчезнати лица во Велика Британија беше решен на првиот ден од 2025 година. Полицијата успеа да ја пронајде Шели Фокс, која последен пат беше видена во центарот на градот Ковентри во 1972 година, по што и се изгуби секаква трага од јавните досиеја.
Пресвртот дојде откако полицијата на Вест Мидлендс, објави нејзина фотографија, кога имала 16 години, и набрзо добила вредни информации кои им помогне во истрагата.
Шели беше пронајдена на другата страна од земјата – жива и здрава, но она што и се случи во последните пет децении останува мистерија.
Во секој случај, полицијата го затворила необичниот случај, потврдил портпаролот на локалната служба.
„Апсолутно сме среќни што ја најдовме по 50 години. Ги пребаравме сите докази и конечно ја лоциравме врз основа на фотографија од времето кога исчезна“, изјави детективката Џена Шо.
Таа додаде дека секој исчезнат има своја приказна, и дека нивните семејства и пријатели заслужуваат да знаат што им се случило, пренесува The Sun.
Пред да биде пронајдена Шила, полицајците ја испитувале можноста таа да не го сменила своето име – или дека повеќе не е жива.
„Веруваме дека нејзините родители во меѓувреме починале. Се надеваме дека луѓето кои би можеле да знаат што се случило со неа ќе се јават во нашата служба“, рече Шо.