Британија: Во Саутпорт маж повреди неколку лица со нож

114

Британската полиција денеска соопшти дека имало инцидент во градот Саутпорт во кој маж повредил неколку лица со нож, но не се знае дали има жртви.

Тој, наводно, е уапсен, но полицијата ги повика локалните жители да ја избегнуваат областа околу местото на инцидентот на улицата Харт, пишува Sky News.

Од полицијата потврдија дека добиле дојава дека имало инцидент и ранување со нож, како и дека има повеќе повредени.

Една жена која живее во близина изјави за весникот „Ливерпул Ехо“ дека жителите меѓусебно се предупредиле на групите „Ватсап“ да ги заклучат прозорците и вратите по извештаите дека маж „трча наоколу прободува луѓе“.