Гвин Морли од Чарлстаун, Велика Британија, добила порака од Кралската болница во Трелиске, откако му биле направени тестови на крвта, дека итно бил упатен на урологија поради сомневање за рак, што се покажало дека е грешка, објави денеска Би-Би-Си.
Морли изјави дека откако било утврдено дека се работи за грешка, добил извинување од болницата.
Портпаролот на Националната здравствена служба во Корнвол потврди дека „мал број“ пациенти добиле неточна СМС порака, по дефект во системот за пораки на пациентите, пренесува Танјуг.
„Можеме да потврдиме дека мал број пациенти добиле неточна СМС порака по грешка во нашиот систем за пораки за пациенти. Ова е изолиран инцидент и преземени се мерки за да се спречи погрешно испраќање на дополнителни пораки“, рече портпаролот.
Тој рече дека болницата ги контактира сите пациенти за „да ги ублажи сите грижи што може да ги имаат“, пренесува Танјуг.