Мажот кој пребаруваше убиства на деца е осуден на 30 години затвор поради напад со нож на девојче (9), информира Guardian.
Маж опседнат со убиства на деца, вклучително со злочини во Саутпорт, е осуден на 30 години затвор поради брутален напад со нож на 9-годишно девојче кое си играло пред својата куќа. Џордан Вилкс (29) го нападнал девојчето нба скалите на зградата во која живее со мајка си, во Крајстчерч во англиската грофовија Дорсет, нанесувајќи ѝ трајни повреди и лузни.
Обвинителката Беренис Мулвани изјави на судот во Борнмут дека жртвата и уште едно девојче си играле заедно кога Вилкс излегол од својот стан со џебен нож и го нападнал 9-годишното девојче, нанесувајќи ѝ рани на вратот, градите и коленото. Мулвани исто така рече дека Вилкс и откинал прамен коса на девојчето кој наводно го задржал како трофеј, се додека мајката не му наредила да го фрли.
Полицијата пронашла ножеви скриени во неговиот стан.
Девојчињата побегнале од напаѓачот и тропале на вратите од становите во зградата додека едно семејство не ги пуштило внатре и не повикало брза помош, сослуша судот. Раната на вратот на девојчето за малку ќе зафатило главните артерии. Да ги пресекол, таа можеше да искрвари до смрт. На суд рекоа дека девојчето трајно ќе ги носи лузните.
Мулвани рече дека при претресот на станот на Вилкс биле пронајдени повеќе ножеви, од кои некои биле скриени. Анализата на неговиот мобилен телефон откри 69 датотеки со видеа на Јутјуб, вести и подкасти за убиства, особено за оние кои вклучуваат деца.
Меѓу содржината имаше и материјали за масакрот на Денот на вљубените во средно училиште во Паркленд, Флорида, во 2018 година, кога беа убиени 17 лица. Тој, исто така, ги истражуваше немирите што следеа по убиствата на три девојчиња во училиште за танц во Саутпорт во јули 2024 година, а ден по тие убиства, тој кликна на врската до локалната школа за танцување, соопшти обвинителството.
Во 1:25 часот на 20 август 2024 година, денот на нападот, Вилкс побарал информации за случајот со Ејден Фучи, 14-годишното момче кое со нож го избоде 13-годишниот Тристин Бејли на Флорида во мај 2021 година. Во октомври 2020 година, тој беше осомничен дека запалил детска количка.
„Ти си опасен престапник. Беше заинтересиран за убиства на деца и реши да се обидеш да го направиш тоа сам“, му рекол судијата Мусли кога го осудувал за обид за убиство и поседување нож.
Нападнатото девојче сведочеше на суд.
Вилкс беше прогласен за виновен од поротата. „Го видов како посегнува во џебот, не знаев дека вади нож, го криеше со раката зад грб, а потоа истрча кон нас. Тој навистина цврсто ме фати за раката, па не можев да се извлечам, и го впери тука“ (покажувајќи на вратот).
Неговиот адвокат Ник Робинсон рече дека Вилкс живеел во изолација со својата мајка и имал низок коефициент на интелигенција. Тој тврди дека нападот не бил планиран, туку спонтан. Во соопштението прочитано по пресудата, родителите на нападнатата девојка ја пофалија нејзината издржливост, храброст, издржливост, сила, моќ и решителност.