Новата инвестиција на Лука Модриќ во англискиот клуб Свонси го привлече вниманието на англиските медиуми. Тој стана косопственик на клубот што настапува во Чемпионшип.
- Инвестицијата во клубот од Чемпионшип откри колку вреди поранешниот освојувач на „Златната топка“. Модриќ се обидува да го зголеми своето и онака огромно богатство. Дваесет и деветтиот на нашата листа со најдобри играчи на сите времиња ќе ја зголеми својата вредност со инвестирањето во Велс. Неговата инвестиција, според „CelebrityNetWorth“, изнесува 65,3 милиони евра – пишуваат британските магазини.
Модриќ неодамна купи 50 отсто од акциите во пиварницата „Цепелин Крафт“ од Бјеловар, а сега влезе и во фудбалскиот бизнис. Исто така, тој со години инвестира во недвижности. Неговата компанија „Modric Family SL“ е основана кон крајот на 2020 година и се занимава со различни активности, од купување и градење до изнајмување и управување со недвижен имот.
Според податоците од официјалните шпански регистри, капиталот на компанијата неодамна се зголемил за 22,16 милиони евра, со што нејзиниот вкупен капитал е 38,6 милиони. Пред тоа, во април 2024 година додаде уште 6,25 милиони евра.