Кошаркарите на Велика Британија приредија сензационална победа над фаворитот Грција со 73:72 на натпреварот од третото коло од квалификациите за Евробаскетот.

Грците во еден момент од средбата имаа дури 17 поени предност, а кога се чинеше дека одат кон третата победа во квалификациите, следуваше пресврт.

Британците имаа и плус 12 во последната четвртина, но не избегнаа неизвесна завршница. На 10 секунди до крајот, Габриел Оласени го погоди првото и го промаши второто слободно фрлање за плус четири, што беше доволно и покрај тројката на Мораитис со која беше поставен конечниот резултат.

Најефикасен во победничкиот состав беше токму Оласени со 16 поени и осум скока, а Квин Елис додаде 15 коша со дури осум асистенции и шест украдени топки.

Грците, Британците и Чесите, кои претходно ја совладаа Холандија, имаат по две победи и еден пораз во групата Ф.

 

ИЗДВОЕНИ