Брисел повторно го одложи „раскинувањето“ со рускиот гас

34

Европската комисија го одложи објавувањето на својот план за постепено укинување на зависноста на регионот од рускиот увоз на енергија по втор пат од 26 март до неодреден датум, пишува Ројтерс, при што Комисијата одби да го коментира новиот датум.

Комесарот за енергетика Дан Јоргенсен во ноември на парламентарно сослушување рече дека ќе го претстави планот во текот на првите 100 дена на функцијата, но тој досега беше двапати одложуван.

Планот прво требаше да биде објавен во февруари. ЕУ си постави необврзувачка цел да го прекине увозот на руски природен гас до 2027 година, по почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година. Сепак, некои земји-членки не направија доволно за да го диверзифицираат снабдувањето со енергија, а увозот на руски гас се зголеми минатата година.

ИЗДВОЕНИ