Италијанската скијачка Федерика Брињоне го освои Малиот кристален глобус во велеслалом откако заврши на второто место на последната трка од сезоната во Сан Вали, САД. Победничка беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами, а на третото место заврши Швеѓанката Сара Хектор.

Нејзина главна конкурентка за малиот кристален глобус беше Новозеланѓанката Алис Робинсон, која падна при првото возење.

Претходно, Брињоне го освои и Големиот кристален глобус, односно генералниот пласман на Светскиот куп. Ова е втор пат таа да го освои Големиот кристален глобус, првпат да го освои во 2020 година.

ИЗДВОЕНИ