EPA/TANNEN MAURY

Трогателна исповед ни доаѓа од НФЛ-лигата откако еден од најдобрите играчи на сите времиња објави страшна вест. Поранешниот легендарен квотербек на Грин беј пекерс, Брет Фавр (56), откри дека боледува од Паркинсонова болест. Всушност, оваа информација дојде по сослушувањето во американскиот Конгрес во врска со наводната злоупотреба на федералните фондови за социјална помош. Да биде работата уште полоша, Фавр откри и дека останал без пари, затоа што пропаднал бизнисот во кој вложил сè.

  • За жал, загубив пари инвестирајќи во компанија за која верував дека развива револуционерен лек при потрес на мозокот. Тој лек ќе им помогнеше на многумина, но не и мене, бидејќи е предоцна за мене. Неодамна ми беше дијагностицирана Паркинсонова болест – откри Фавр, кого го товарат дека незаконски зел 727 000 долари социјална помош од државата.

Тој беше избран на драфтот во 1991 година, како пик во втората рунда. Тој беше драфтуван од Атланта. Тогашниот тренер, Џери Гленвил, истакна дека ќе треба авион со играчи да со собори Фавр кога е во игра. Потоа беше драфтуван во Грин беј, каде што стана легенда. Таму играше цели 15 години – од 1992 година до 2007 година. Има еден Супербол со Пекерс, а од 1995 до 1997 година доминираше, освојувајќи три МВП-титули по ред. Тој беше избран во тимот на Про бол 11 пати, а кога го напушти, ја повлекоа неговата „четворка“. По Грин беј, тој беше накратко во Њујорк џетс, а потоа две години во Минесота. Тој се пензионираше во 2010 година, но очигледно дведецениската кариера во НФЛ остави свој белег на него.

Деновиве бевме сведоци на уште една незгода во НФЛ-лигата кога Туа Таговаилоа, квобекот на Мајами, доживеа потрес на мозокот на теренот, во текот на натпревар, а во Америка сè повеќе се зборува за тоа колку стана овој спорт опасен за игра.