Холивудскиот актер Бред Пит го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателките ширум светот. Во новата промотивна фотографија за новиот филм на Ф1, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.

На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на градите и рацете му се видливи низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, а не се дел од неговата филмска улога. Бред почнал да се тетовира за време на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.

Некои тетоважи се посветени на Анџелина Џоли и нивните деца
Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесува Daily Mail. На неговата лева подлактица има француска фраза што се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело носи и скица од најстарата мумија на светот, Оци. Под него стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишан со големи букви.

На десната рака има долга, тенка вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија под зглобот, формирајќи крст. На своето тело има и неколку посвети за Анџелина, како датумот на раѓање на долниот дел од торзото и буквата „А“. Тој ги истетовира и иницијалите на сите шест нивни деца: „М“ за Медокс, „П“ за Пакс, „З“ за Захара, „Ш“ за Шајло, „К“ за Кокс и „В“ за Вивиен.

Иако претходно само повремено покажуваше поединечни тетоважи на раката или ногата, новата фотографија ги изненади обожавателите кои не знаеја дека тој е вистински љубител на мастилото. “Бред Пит без кошула. Денот ми е моментално подобар”, “Еве ме, се топам”, се само дел од коментарите на неговите обожаватели.

Ф1 наскоро доаѓа во кината

Инаку, филмот Ф1 пристигнува во кината на 27 јуни 2025 година, а во последните неколку години се снимаше на вистински Ф1 трки ширум светот. Покрај Пит, во филмот глумат Кери Кондон, Хавиер Бардем, Тобијас Менцис, Сара Нилс, Ким Бодниа и Самсон Кајо. Буџетот за снимање наводно надминал 300 милиони долари, со што овој Формула 1 филм е еден од десетте најскапи филмови во историјата.

 

ИЗДВОЕНИ