Бразилскиот претседател пуштен од болница: Лула да Силва одвај чека да им се врати на своите должности

13

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска беше пуштен од болница откако му беше извршена операција на главата за да престане крварењето во мозокот.

Лула денеска се појави пред печатот за да покаже дека е добро по операцијата на главата, медицинскиот тим на Лула рече дека операцијата поминала добро и дека Лула ќе може нормално да се движи наоколу и да одржува состаноци додека одмара во својот дом во градот Сао Паоло до четврток.

За новинарите изјави дека одвај чека да им се врати на своите должности.

Неговите лекари рекоа дека засега не смее да се изложува на меѓународни патувања, но дека ќе може да отпатува во главниот град на земјата, Бразилија, доколку биде ослободен по лекарски преглед.