Бразилка уапсена во Малта: Во стомакот ѝ се пронајдени повеќе од 60 пакетчиња кокаин

37

Млада Бразилка е уапсена на Малта откако било откриено дека во стомакот има повеќе од 60 пакетчиња кокаин. Таинара Фернандес (22) е уапсена во неделата на меѓународниот аеродром во Малта, а во нејзиниот стомак биле пронајдени дури 66 пакетчиња со дрога.

Таа е вработена во Центарот за социјална работа во регионот Гојаш во Бразил.

Според тамошните медиуми, Таинара работела како консултант, а локалните власти пишуваат дека добила отказ на 1 ноември и дека „со денови не е вклучена во градските служби“.

Пред апсењето, Таинара на социјалните мрежи објави видеа со кои го прославува патувањето во Барселона.

Таа прикачи и видеа на кои се шета низ шпанскиот град, кој годишно привлекува милиони туристи, пренесува G1.

По Барселона, Таинара на 10 ноември се упатува кон Малта. Кога слетала околу 11 часот, и пришле неколку полицајци кои забележале дека „се однесува сомнително“, пренесува Телеграф.

Полицијата соопшти дека Бразилката се обидела да побегне кога видела како ѝ приоѓаат од обезбедувањето, но дека веднаш ја совладале и ја привеле.

Потоа ја однеле на рендген и откриле дека во цревата, но и во други делови од телото крие бројни пакетчиња полни со дрога.

Девојката веднаш било пренесено во болница каде било констатирано дека има околу еден килограм кокаин во себе.

ИЗДВОЕНИ