Градските власти на Рио де Жанеиро соопштија дека утре се очекува новогодишната ноќ на познатата плажа Копакабана да ја дочекаат околу 2,5 милиони луѓе, пренесува Бета.
Покрај традиционалниот огномет, на три сцени ќе има и концерти со големи имиња од бразилската музика како поп-ѕвездата Анита или карневалската кралица Ивета Сангало.
Но, еден од најочекуваните концерти несомнено ќе биде концертот на Каетано Велосо, водечка фигура во локалната музика, заедно со неговата сестра Марија Бетанија.
Безбедноста ќе биде зголемена во однос на минатата година, соопштија локалните власти, додавајќи дека само на плажата Копакабана ќе бидат распоредени 3.300 полицајци.
Полицијата ќе користи детектори за метал, дронови и камери за надзор за препознавање лица.
Со приливот на туристи низ целата земја, градските власти на Рио де Жанеиро за новогодишните празници сметаат на заработка од 3,2 милијарди реали (околу 500 милиони евра).