Бразилската легенда Ромарио ги коментираше шансите на Селесао да го освои Светското првенство во 2026 година. Поранешниот играч на Барселона е дециден дека тоа може да се случи само со Неимар во составот.
-За Бразил ќе биде многу тешко да го освои следното Светско првенство. Ако има некаква шанса, тоа ќе биде со Неимар. Во 1970 година Бразил играше за Пеле, пред тоа за Гаринча (1962), потоа за Ромарио (1994) и во 2002 година за Роналдо, објасни Ромарио.
Според него, во 2026 година, ако не игра за Неимар, нема да победи.
-Околу него треба да се изгради тим, додаде легендарниот Бразилец.
Неимар продолжува да се опоравува од постојаните повреди, а на него смета цел Бразил.