Словенија за само два дена доби двајца светски шампиони, а згора на тоа, на Светското првенство златни медали освоија брат и сестра. По Нордиското светско првенство во скијање, Словенија се врати како трета најуспешна земја со пет медали, а сето тоа им го донесе семејството Превц во ски-скокови.

Ника Превц го освои златото во женската конкуренција во кратки скијачки скокови со скокови од 98 и 100 метри, пред Селина Фрејтаг од Германија и Ана Один Стром од Норвешка. И убедливо со девет бода предност. Потоа успеа да победи на големата скокалница каде што поради временските услови имаше само еден скок. Дури и да имаше два скока, ништо немаше да се смени бидејќи по првата серија имаше 15 поени повеќе од второпласираната Селина Фрејтаг, а речиси 20 пред Еирин Марија Квандал од Норвешка.

А потоа, на сцена стапи братот Домен Превц кој го зеде златото. Во неверојатна конкуренција откако Мариус Линдвик го освои златото на малата скокалница пред Андреас Велингер и Јан Херл, Домен Превц триумфираше на големата скокалница.

ИЗДВОЕНИ