Наградата „Џери Вест“ замина во рацете на Џејлен Брансон, првата ѕвезда на Њујорк никс. НБА му ја доделува оваа награда на играчот што бил најдобар во тесните завршници на натпреварите на најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување. Брансон го освои трофејот пред Никола Јокиќ и Ентони Едвардс.

Оваа сезона, во дресот на Њујорк, Брансон бележи просек од 26,5 поени, 2,8 скока и 7,3 асистенци и никој не е подобар и поефикасен од него во тесните натпревари.

Со своите потези, Јокиќ навистина реши голем број партии, но и пред гласањето беше втор фаворит за оваа награда, па немаше некое поголемо изненадување.

Пред Бренсон, оваа награда ја добија Стеф Кари и Дирон Фокс.

ИЗДВОЕНИ