Бракот на Џастин и Хејли Бибер е пред распаѓање? 

63
EPA EFE CJ GUNTHER

Џастин Бибер ги поттикна гласините за развод од Хејли Бибер откако прекина да ја следи на Инстаграм. Многу негови обожаватели веруваат дека ова е јасен знак дека на нивната љубов и дојде крајот.

Од друга страна, Хејли се уште го следи на таа социјална мрежа.

Овој славен пар е заедно речиси 10 години, а се венчаа во 2018 година.

Тие имаат петмесечен син Џек Блуз. Музичарот сподели фотографија од неа пред само неколку дена со натпис: „Најдобрата жена што некогаш сум ја запознал“. Тие неодамна беа видени на одмор во Аспен.

И покрај тоа, веќе подолго време се шират информации дека парот има брачни проблеми и дека упорно се обидуваат да го прикријат тоа, тие се уште не ги коментирале овие шпекулации.

Многу обожаватели на Џастин ја обвинија Хејли дека му ја уништила врската со Селена Гомез. Тие постојано се повикуваа еден со друг на социјалните мрежи, но на крајот открија дека се во добри односи и дека меѓу нив нема лоши намери.

ИЗДВОЕНИ