Браќата Влатко и Златко и ќе пеат и ќе свират во Национална опера и балет

5294

На 22 март во Скопје!

За првпат така гламурозно, светски, а на македонски начин. Македонскиот фолк-пејач  Влатко Миладиноски, кој важи за еден од најдобрите вокали, на 22 март ќе одржи голем концерт во Скопје, во Националната опера и балет. Публиката го препознава по многу хитови, но сепак безвременскиот хит „Велат нè нема”, во кој е опеан македонскиот копнеж по татковина, е веројатно оној кој ќе му ја обележи кариерата.

Влатко е по природа скромно момче, не дава бомбастични изјави за медиумите, ниту е некој кој по секоја цена сака да го промовираат новинарите. Само ако има причина.  А, причината е еве оваа. Неговиот концерт. И не е мала работа да се организира и направи таков концерт кој бара сестран ангажман од голем број луѓе. На Влатко му е единствена „грижа“ да излезе на сцената модерно и вкусно облечен и да ги испее песните на најдобар начин, бидејќи вистина е дека поседува моќен вокал. Така и ќе биде.

-Впрочем идејата за концертот ми дојде од како стотина и стотина мои обожаватели постојано ме прашуваат кога ќе направам концерт? Конечно таков концерт, кој ќе биде исполнет и со многу македонски патриотски песни, е пред сите нас. Очекувам само најдобри критики од страната на естрадните новинари, бидејќи вредно го подготвувам со екипата, како и големо задоволство од страната на публиката со песните кои ќе ги пеам.

На концертот придружба на Влатко Миладиноски ќе биде големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски, така што нема сомнеж дека браќата таа вечер максимално ќе се потрудат сите да бидеме одлично расположени. И на крај кога ќе си одиме, да посакаме повторна концертна средба со музикалните Влатче и Златче!   Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ