Така треба!
Легендарната српска рок-пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, која почина точно пред една година во 69-година од животот и која го испеа легендарниот хит „Јер, ти си принцеза“ (во дует со Дадо Топиќ), своето големо богатство им го оставила на своите браќа Горан и Живко. Слаѓана никогаш не била во брак и немала деца. -Живееше во убав стан на Нов Белград, кој беше во нејзина сопственост. Имаше и луксузен скапоцен автомобил марка „ауди“.
По смртта на нејзините родители, таа и нејзините браќа ги наследиле недвижностите во атрактивните населби Дедиње и Баново Брдо, како и огромен имот во Срем. Дел од тоа беше продадено во претходните години, додека Слаѓа сè уште беше жива. Остатокот, по нејзината смрт, ќе биде дополнително поделен помеѓу браќата Горан и Живко Милошевиќ. (Д.М.)