Божиќна честитка пристигнала на точната адреса по 121 година!

771

Недоставена Божиќна честитка пристигнала на точната адреса по 121 година во Велика Британија, пишува Би-Би-Си.

Картичката е доставена минатата недела на адресата каде што сега се наоѓа банката во близина на Кардиф, откако била испратена во 1903 година.

Службеникот изјавил дека ќе се обиде да најде роднини на Лидија Дејвис, кои претходно живееле на таа адреса и на кои им била адресирана картичката.

Картичката ја напишал човек по име Еварт, кој напишал „дека е добро и дека има околу 10 шилинзи“.

Хенри Дарби, службеник за маркетинг и комуникации во банката, рече дека ја подредувал поштата кога му паднала картичката.

Ендрју Дејли, од архивите на Вест Гламорган, утврдил дека Џон Ф. Дејвис бил глава на куќата која се наоѓала на таа адреса и дека таму живеел со сопругата Марија и шесте деца, од кои Лидија била најстарата.

Портпаролот на Кралската пошта рече дека картичката не била изгубена, но најверојатно била вратена во поштата откако не била испорачана на точната адреса.