EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Финскиот возач Валтери Ботас се врати во редовите на Мерцедес. По две сезони поминати во тимот на Заубер, тој реши да се врати во тимот со кој забележа одлични резултати и во тимот со кој забележа и победи.

За разлика од првиот мандат, сега ќе биде резервен возач, бидејќи Мерцедес одлучи во 2025 година на патеката да го претставуваат Џорџ Расел и Кими Антонели, кој го зазеде местото на Луис Хамилтон, кој реши да се пресели во Ферари.

  • Враќањето дома во тимот на Мерцедес како трет возач за 2025 година е многу задоволувачко. Сакам да му се заблагодарам на Тото Волф и на целиот тим кои ме пречекаа со раширени раце. Имав многу одлични моменти во 12. години колку што сум во Формула 1. Едвај чекам да ги искористам сите знаење што ги стекнав за да му помогнам на тимот да напредува и да се бори за титулата светски шампион, истакна Ботас.

Валтери Ботас додека беше втор возач на Мерцедес оствари десет победи и 20 пол-позиции.

 

 

ИЗДВОЕНИ