Според извештаите на медиумите во Бостон, актуелниот НБА шампион и најтрофејниот клуб во најсилната американска професионална кошаркарска лига, Бостон Селтикс, ќе има нов сопственик откако сегашните сопственици, семејството Грусбек, се согласиле да го продадат клубот на група инвеститори предводени од Бил Чишолм, за рекордни 6,1 милијарди долари (5 милијарди евра).

Износот од 6,1 милијарда долари е нов рекорд платен за спортски тим во Северна Америка, претходниот рекорд беше 6,05 милијарди долари, кога беше продаден НФЛ тимот Вашингтон Командерс во 2023 година. Претходниот рекорд во НБА беше четири милијарди долари, откако Мат Ишбија го купи Феникс Санс во 2022 година.

Чишолм е коосновач на калифорниската Симфони технолошка групација, но е роден во Масачусетс и долгогодишен фан на Селтикс. Тој ќе стане сопственик на клубот по крајот на сезоната 2027/28.

ИЗДВОЕНИ