Борусија се повлече од трката за Рашфорд

9
epa10160182 Manchester United's Marcus Rashford celebrates after scoring the second goal during the English Premier League soccer match between Manchester United and Arsenal at Old Trafford in Manchester, Britain, 04 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Еден од можните кандидати за Маркус Рашфорд, кој падна во немилост во Манчестер Јунајтед – Борусија Дортмунд, се откажа од можноста да го привлече левото крило, пренесува новинарот на „Скај Германија“ Патрик Бергер.

Вчера токму германската телевизија објави дека „жолто-црните“ размислуваат дали да го земат на изнајмување до крајот на сезоната поранешниот англиски интернационалец.

Сепак, според денешните информации, клубот на крајот се откажа од таков потег, бидејќи таквата зделка би се покажала премногу скапа. Рашфорд инкасира годишна плата од 14 милиони евра.

Од друга страна, преговорите со Милан напредуваат откако братот на играчот, кој е негов агент, пристигна во Италија по повод неговиот евентуален трансфер на „Сан Сиро“. Според некои локални медиуми, 27-годишниот играч е подготвен да ја намали платата за да ја олесни преселбата кај „росонерите“, кои исто така сметаат на „црвените ѓаволи“ да покријат дел од неговата плата.

ИЗДВОЕНИ