
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој е еден од најистакнатите поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп во Велика Британија, го изрази своето незадоволство и гнев откако американскиот лидер не успеа да добие согласност од рускиот колега Владимир Путин за безусловен прекин на огнот.
Според Џонсон, одбивањето на Путин да се согласи со планот на Трамп за прекин на огнот во војната во Украина „покажува дека рускиот лидер ни се смее“, пренесува Индипендент.
Џонсон, кој ја предводеше европската поддршка за Украина кога започна војната за време на неговиот мандат, рече дека Путин покажал дека не само што не сака мир, туку и дека е решен да продолжи со бомбардирање и убивање невини Украинци.
„Какво изненадување – Путин отфрла безусловен прекин на огнот. Тој сака да продолжи да убива невини Украинци, сака Украина да биде разоружана и неутрализирана. Тој сака да ја направи Украина вазална држава. Тој не преговара, тој нè исмева нас“, напиша Џонсон на платформата „Икс“.
Неговите зборови се сосема во спротивност со неговото предвидување од 14 март кога тврдеше дека Трамп ќе го натера Путин да попушти, пренесува „Индипендент“.
Според британскиот весник, оценката на Џонсон за последниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин се согласува со мислењето на многу критичари кои тврдат дека американскиот лидер направил мал, па дури и воопшто реален напредок во преговорите со рускиот претседател, пренесува Танјуг.