Боре Видевски обвинет дека учествувал во грозоморните убиства на Вања и Панче негира вина, односно спротивно на изјавите дадени во полициска станица и Јавното обвинителство, тврди дека го признал делото под голема полициска тортура.
Вели дека полицајците го тепале во четири нврати употребувајќи безбол палка и пендрек, а тепањето запрело кога од болница стигнал медицинскиот наод.
Инаку, Видевски има трансплантирано бубрег и веќе еднаш од протвор беше однесен на лекување во болница. Боре тврди дека собиранките пред куќата на Велибор Манев биле со цел да се дефинираат литии односно митинзи заради зачувување на името на МПЦ ОА по добиени информации од страна на Љупчо Палевски дека ќе се менува со придавката Северна.
За денот на убиството на девојчето Видевски вели дека спиел дома до 10 часот по што на 03-12-2023 отишол на пазар каде добил телефонски повик дека полицијата е кај него дома. (П.А.)