Шесткратниот шампион на Франција, тимот на Бордо, од ова лето и официјално престанува да постои во форма на професионален фудбалски клуб.

Тоа е, барем, според пишувањата на француските медиуми, со оглед на изминатите години кои ги мина овој тим, па вистинското решение многумина го гледаат во згаснување.

Откако клубот беше исфрлен во третата лига, донесена е одлука да и биде вратена на Француската фудбалска федерација лиценцата од 1937 година кога Бордо за прв пат доби статус на професионален клуб.