Најубавата бајка на Австралија опен нема крај, а за тоа се погрижи Ева Лис со триумфот против Варвара Грачева со 6:2, 3:6, 6:4 во гемови, односно 2-1 во сетови. Дуелот траеше два часа, во кој Лис успеа да напредува и првпат да стигне до третото коло на кој било Грен-слем турнир.

Оваа 23-годишна Германка е родена во Киев и нејзината приказна продолжува да ги воодушевува сите љубители на тенисот. Не само поради она што го прави на Австралија опен, туку и поради начинот на кој го прави.

Грачева падна, а сега сака тоа да го повтори и против Жаклин Кристијан, која ја совлада Лусија Бронзети со 7:5, 7:5. Може ли девојка која помина низ ролеркостер од емоции во Мелбурн да стане нова сензација на турнирот?

Таа со големи очекувања пристигна на својот прв Грен-слем, а потоа сè и се ѝ се урна врз глава откако беше елиминирана во третото коло од квалификациите. Но, потоа се случи неочекуван пресврт на настаните. На разгласот се слушнал краток звук – „Ева Лис, ве молам дојдете во Арената“.

Во текот на првото коло слушнала вест што не ја очекувала, а потоа настанала паника. Се дружела со пријателите и разговарала, а потоа, во следната секунда истрчала со полна брзина – за пет минути требала да игра меч.

Ева се нафати да ја замени Ана Калинскаја, која се повлече во последен момент поради повреда и веднаш импресионираше. Таа за 70 минути ја победи домашната тенисерка Ким Бирел со 6:2, 6:2 и со тоа обезбеди пласман во второто коло. Поубав подарок не можеше да побара за својот 23. роденден кој го прослави неколку дена порано, а доби и чек од 195.000 евра.

  • Веќе резервирав лет за среда наутро, па среќна сум што можам да играм овде. Морав да се пријавам до 10 часот за да бидам подготвена. Цело време бев на теренот, се дружев, а потоа завршив како среќна губитничка, објасни Лис.

Тоа ретко се случува.

  • Никогаш претходно не сум го доживеал ова. Имаше толку малку време. Ништо не јадеше, храната ја понесе со себе на терен, малку суши. Неверојатно, изјави германскиот тренер Торбен Белц за „Билд“.

Инаку, Лис боледува од автоимуна болест која е неизлечива и ги отежнува нејзините настапи (тоа е вид на артритис кој го напаѓа ’рбетот, а понекогаш и зглобовите), но храбрата девојка не се откажува.

ИЗДВОЕНИ