Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј, се најде во центарот на вниманието кога беше „откриено“ дека ужива во врска со две убавици истовремено. Наводно, го делел креветот со пејачката Уна Хил и со манекенката Сикан Озборн, а бидејќи никогаш не стигна официјална потврда, тоа останува само на шпекулации.
Познатиот боксер веќе некое време излегува со атрактивната манекенка, а англиските медиуми објавија дека им се придружила и популарната пејачка.
Хеј објави фотографија на Инстаграм, од Маракеш, каде што позира со своите убавици во базен. Инаку, тој често е во друштво на девојки покрај базен и странските медиуми имаат многу „материјал“ за нови приказни.
Сепак, судејќи по објавите на Инстаграм, славниот боксер има само една девојка – манекенката Сијан Озборн.
Во продолжение неколку фотографии од згодната Озборн: