Бојкот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ и „11 Октомври“

90

Генерален бојкот на наставата од утре најавија родителите на учениците во ОУ Лазо Ангеловски. Оваа одлука следи поради случајот со насилното поведение на ученикот од трето одделение кој денеска повторно бил вратен на настава. Овој случај е познат во јавноста веќе три години а сега доби уште поголемо внимание по обидот на родителите да го презапишат ученикот во училиште во Центар. Министерката за образование смета дека со случајот се претерало и таа вели дека МОН не е надлежно да постапува. Според Јаневска законско право на ученикот е да следи настава во местото каде живее а доколку надлежните не успеат да најдат решение, таа ќе интервенира.

Последиците се огромни а за тоа говорат и податоците дека од ова училиште десетици ученици биле приморани да се презапишат во други училишта. Јаневска и за овој проблем смета дека системот потфрлил. Ги повика од училиштето и локалните власти да постапат согласно ингеренциите.

Директорката на ОУ Лазо Ангеловски денеска не беше достапна за да одговори на реакцијата од родителите и да соопшти дали и каков е статусот на ученикот и какво решение нашле како менаџмент. Родителскиот совет вечерва се состанува и ќе ги соопшти следните чекори. Од вчера пак, бојкотираат родителите на децата од прво до 4то одделение во ОУ 11 Октомври каде што била дадена согласност да биде префлен ученикот. По ваквите реакции, директорката рече дека била доведена во заблуда со документацијата и ја повлече согласноста.

ИЗДВОЕНИ