„Не е мал подвиг да се состави ваква колекција, тоа е доказ за длабочината, љубовта и енергијата во светот на современата уметност. Секој од овие уметници го даде своето срце и душа во својата работа, трансформирајќи ги личните наративи, набљудувања и соништа во визуелни приказни кои зборуваат за сите нас…“. Со овие зборови на виш кустос и историчар на уметност Трајче Цветков, во Музејот галерија Кавадарци е претставена изложбата на која до 10 март љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги видат делата на еминентните македонски уметници кои се претставуваат секој со свој уникатен глас, перспектива и искуство
“Настанот ’Боите на Свети Трифун’ во Музејоти галерија Кавадарци на кој можат да се видат дела на 39 македонски ликовни уметници не е само изложба, туку прослава на креативноста, визијата и безграничната моќ на уметноста да не обедини сите. Не е мал подвиг да се состави ваква колекција, тоа е доказ за длабочината, љубовта и енергијата во светот на современата уметност. Секој од овие уметници го даде своето срце и душа во својата работа, трансформирајќи ги личните наративи, набљудувања и соништа во визуелни приказни кои зборуваат за сите нас…“. Со овие зборови на виш кустос и историчар на уметност Трајче Цветков, беше претставена изложбата на која до 10 март љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги видат делата на еминентните македонски уметници кои се претставуваат секој со свој уникатен глас, перспектива и искуство.
Оваа изложба која од самиот почеток предизвика голем интерес кај целата македонска јавност беше отворена во рамките на одбележувањето на празникот „Св. Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
„Уметноста предизвикува, тера да чувствуваме и размислуваме. Ги покажува моментите на радост, тага, борба и триумф, го отсликува светот околу нас и во неговата убавина и во неговата сложеност. Овие дела, ги претставуваат уникатните и најдлабоки гласови на нивните творци, секој придонесувајќи за колективниот дијалог на нашето време и разговорите што ќе ги инспирира. Во свет што е се повеќе фрагментиран, уметноста останува еден од ретките медиуми што ги надминува границите, културни, географски и лични“, истакна Цветков.
Тој додаде дека уметноста е мост, кој не поврзува еден со друг, а оваа изложба додава, е повеќе од само настан, таа е простор за дијалог, не само со уметниците, туку и еден со друг.
Заблагодарувајќи им се на уметниците тој ги нарече визионери, сонувачи, бунтовници кои го обликуваат нашиот свет, преку нивната креативност.
Самите уметници пак, се одушевени од органзацијата на изложбата за која велат дека е подготвена со врвна професионалност и на нивна голема радост, а како што истакнуваат за весникот ВЕЧЕР, ова е и одлична можност да се претстават со своите дела пред јавноста во една исклучителна атмосфера која ја нуди Музејот галерија Кавадарци.
„На оваа традиционална ликовна изложба, која се реализира повеќе од дваесет години, уметниците се претставуваат со по две новосоздадени дела, односно изложени се 76 сликарски дела, како и 6 скулптури. Делата се со најразлична техника на изработка: маслена техника, акрил, хартија, комбинирана техника, скулптура…“, посочи директорот на Музејот галерија Кавадарци, м-р Јаким Зимоски, кој додаде дека со оваа изложба се зголемува збирката на дела во оваа културна институција. (Д.Т.)