Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ беше еден од клучните играчи во победата на Атланта над најдобриот тим во НБА сезонава – екипата на Кливленд.
Богдановиќ стигна до својот 96. последователен натпревар, во кој постигна барем една тројка, соборувајќи го рекордот на Клеј Томпсон за шеста најдолга серија во историјата на НБА. Кога ќе се земе предвид дека Томпсон е еден од најдобрите тројки на сите времиња, заедно со Стеф Кари и Реј Ален, тогаш јасно е какво остварување направил Богдановиќ.
Сега, пред Богдановиќ се Џордан Кларксон (99 натпревари), Дамијен Лилард и Кајл Корвер (127) и неприкосновениот Стеф Кари, кој ги завзема првите две позиции со 157 и 268 меча.
Резултати: Вашингтон – ЛА Клиперс 96:121, Филаделфија – Хјустон 115:122 (по продолженија), Шарлот – Мајами 94:98, Кливленд – Атланта 124:135, Индијана – Портланд 121:114, Орландо – Чикаго 133:119, Далас – Њујорк 129:114, Њу Орлеанс – Торонто 93:119, Минесота – Сакраменто 104:115, Мемфис – Детроит 131:111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101:119, Јута – Денвер 103:122, Феникс – Бруклин 117:127, Голден стејт – Оклахома 101:105.