Така, според Томас Хаусос, сопственик на компанија која нуди изградба на вакви засолништа, две веќе се градат во областа на Атина и едно во северниот дел на земјата. Хаусос, кој почнал да се занимава со оваа работа веднаш по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, во февруари 2022 година, вели дека интересот за изградба на засолништа или дополнителна опрема за постоечките расте од ден на ден во Грција. Станува збор за засолништа изградени по Втората светска војна според законот според кој секоја нова станбена зграда морала да има некакво засолниште.
Од Хаусос објаснуваат дека пред се, на заинтересираните клиенти им нуди специјални врати отпорни на куршуми, но важен е и системот за вентилација кој содржи специјални филтри кои спречуваат навлегување на биохемиски материи и радиоактивни остатоци. Предвидени се и таканаречени суви или хемиски тоалети и складирање за храна и вода. Нуклеарното засолниште мора да биде најмалку два метри под земја, но секако може да биде и на поголема длабочина. Цената на ваквите засолништа е околу 70.000 евра.