Филаделфила Иглси го крена пехарот на Супербоул и беше крунисана во НФЛ првак. Вторпат во клупската историја оваа франшиза стигна до победа во големото финале, а сега со победата над Канзас Сити Чифс од 40:22.

Супербоул е еден од најгледаните светски спортски настани, а исто така и меѓу доста добро платените. Така, за победа во Супербоул членовите на Иглси ќе си поделат по 171.000 долари, додека во поразениот табор одат по 96.000 долари.

Неверојатна е целата приказна околу овој натпревар. Рекламниот простор е однапред распродаден за неверојатни суми, а голем дел од Американците повеќе го чекаат шоуто на полувремето отколку самиот натпревар.

ИЗДВОЕНИ