По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија и ослободувањето на Крушево, Општината подготви богата забавна, културно-уметничка програма за сите генерации.
В сабота ќе се одржи четвртото издание на „Трката за независност“, организирана од атлетскиот клуб „Делта“ и од Атлетската федерација на Македонија, со почеток во 18:00 часот.
– Продолжуваме во Градскиот парк во Крушево, диџеј Bapchu и дегустација на локални специјалитети и пијалаци во 20:00 часот – соопштија од Општина Крушево.
Недела, пак, е ден за најубавите македонски песни, заедно со „Љубојна“, во Градскиот парк, во 21:00 часот.