Богата програма за одбележување на празникот Свети Трифун

44

Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци најави богата програма во рамките на одбележувањето на Свети Трифун, празник што се смета за заштитник на лозарите и на винарите.

–Наскоро, на 14 февруари, е празникот Свети Трифун. Домот на културата се приклучува во чествувањето на празникот со неколку настани во организација на Општина Кавадарци, со изложба, промоција на книга, со фестивалот „Срма“ и со нешто плус. Со настапи на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и со целонеделно дружење со кавадаречките култура и уметност. За многу години празникот Свети Трифун! – порачаа од културниот дом. 

Оттаму споделија дека агендата започнува во вторник, 11 февруари, во 1:002 часот, во галеријата при Домот на културата.

– Ќе биде отворена изложба на дела од „Валандовската ликовна колонија 2024“. Изложбата е само почеток од чествувањата на празникот во нашата културна установа. На изложбата ќе бидат изложени дела од познати ликовни уметници од повеќе балкански земји – најавија од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ на „Фејсбук“. 

 

ИЗДВОЕНИ