Македонскиот репрезентативец во кик – бокс Бобан Илиоски, триумфира во финалето на Европското првенство за сениори во Атина, Грција, против Полјакот Ерик Нивегловски. Илиоски ја одбрани шампионската титула и златниот медал од пред две години и покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
„Полјакот беше Физичи многу јак борец, но му ги најдовме слабите страни. Боби го скенираше од предходните негови борби и примени тактика со која многу не се замараше, а му направи голема предност и го победи“, вели селекторот Дејан Митровски и нагласува:
„Боби станува се поискусен борец, проценувајќи ги противниците за кого колку му е потребно да се напрегне за да ги совлада. Се напрега чувствувајќи ја силата, а во исто време и да се чува од повреди. По вторпат е европски првак“.
Покрај златниот медал на Илиоски, Македонија има и бронза кој завчера ја освои Стефан Михајловски.
На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.
Резултати – Европско првенство кик бокс:
Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Ерик Нивегловски (Полска) 2-1