„Блумберг“: Ова е клучниот услов на Путин за преговори со Трамп за Украина

82
epa06073291 Russian President Vladimir Putin (L) and US President Donald J. Trump (R) meet on the sidelines of the G20 summit in Hamburg, Germany, 07 July 2017. The G20 Summit (or G-20 or Group of Twenty) is an international forum for governments from 20 major economies. The summit is taking place in Hamburg from 07 to 08 July 2017. EPA/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин наскоро може да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а за време на разговорот, според извештајот на „Блумберг“, тој ќе бара Украина никогаш да не стане членка на НАТО.

Извор запознаен со подготовките на Москва за преговорите меѓу Путин и Трамп рече дека Кремљ верува дека некои членки на НАТО можат да продолжат да испраќаат оружје во Украина според билатералните безбедносни договори, но дека ова оружје не смее да се користи против Русија или за враќање на окупираните територии.

„Блумберг“ забележува дека е малку веројатно дека украинските лидери добро ќе ги прифатат овие строги барања бидејќи војната влегува во третата година.

Позицијата на Путин е во спротивност со желбата на Трамп да го прекине конфликтот што е можно поскоро и може да биде обид да и се обезбеди на Русија повеќе простор за маневрирање во преговорите. „Блумберг“ понатаму истакнува дека рускиот напредок во источна Украина е бавен и „постигнат по висока цена“.

Анонимен извор вели дека условите на Русија вклучуваат задржување на барем де факто контрола врз речиси 20 отсто од окупираната територија на Украина, вклучувајќи го и анектираниот Крим. Сепак, Москва наводно е подготвена да направи одредени територијални отстапки.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно изјави дека администрацијата на Бајден подготвува силна преговарачка позиција за Украина за Трамп.

Во меѓувреме, идниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, смета дека војната во Украина ќе заврши дипломатски, но дека прекинот на огнот е неопходен прв чекор. Тој исто така смета дека повлекувањето на руските војници од сите окупирани украински територии е нереално.

„Едноставно не мислам дека е реално да се очекува дека ќе го протераме секој Русин од украинска територија, па дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност“, нагласи Валц.

ИЗДВОЕНИ