Американски Блумберг денеска оцени дека потпретседателот на САД Џеј Ди Венс зазема построг став во разговорите за договорот за експлоатација на ретки минерали со Украина отколку американскиот претседател Доналд Трамп.
Европските претставници запознаени со преговорите за надминување на расправијата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се случи за време на неговата посета на Белата куќа на 28 февруари, оценија дека Венс често зазема построг став на оваа тема од Трамп.
Како што беше проценето, пристапот на Венс е во спротивност со ставовите на американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Украина Кит Келог, кои се чини дека заземаат поумерени позиции.