Белата куќа има за цел да постигне договор за прекин на огнот во Украина до 20 април, кога оваа година се слави Велигден и во католичката и во православната црква, но признава дека таа временска рамка би можела да се лизне со оглед на големите јазови меѓу позициите на руската и украинската страна, изјавија денеска извори запознаени со плановите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.
Извори кои побараа да останат анонимни потврдија за Блумберг дека САД и понатаму се надеваат дека широк прекин на огнот во руската војна во Украина може да се постигне во рок од неколку недели, иако завојуваните страни продолжуваат со нападите пред разговорите закажани за следната недела, пренесува Танјуг.
Како што е најавено, американските претставници следната недела ќе се сретнат одделно со руски и украински претставници во Саудиска Арабија на првите вакви паралелни разговори од првите недели од рускиот напад врз Украина.
Трамп вчера изјави дека напорите да се спречи понатамошна ескалација на војната се „под контрола“ и дека неговите односи со лидерите и на Русија и на Украина се „добри“.