Блокирани сите три моста во Нови Сад: Невеста дошла директно од свадба до блокадата на Варадински од каде што го фрлила букетот/видео

423
Фото:Србија лајф

Со Голем граѓански собир и блокада на три моста во Нови Сад организиран од студенти ќе бидат одбележани три месеци од убиството на 15 лица денеска пред железничката станица во градот. Поддржани се од студентите од Загреб и Сплит кои организираат протестен молк во своите градови.

Студентите ги повикаа граѓаните да ги блокираат клучните локации во Нови Сад, меѓу кои и Варадин, Жежеље и Мостот на слободата, кој започна во 15 часот, со цел, како што наведоа, симболично да го изразат своето незадоволство што и три месеци по трагедијата, никој нема беше повикан на одговорност.

Стотици илјади луѓе, на протестите предизвикани од смртта на 15 лица при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, излегоа на улиците низ земјата од ноември минатата година, при што студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите, почитување на устав и закон, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.

Српските медиуми известија дека по 17 часот, невеста дошла директно од својата свадба на блокадата на Варадинскиот мост од каде што го фрлила букетот.

 

Блокадата на три моста влезе во третиот час, мостовите Варадински и Жежељев ќе бидат блокоранидо 18 часот, а Мостот Слобода до 15 часот во недела, извести 021.

ИЗДВОЕНИ