Блиску сум до крајот на мојата кариера

498
epa11848932 Novak Djokovic of Serbia reacts during a semifinal match of the Australian Open against Alexander Zverev of Germany at Melbourne Park in Melbourne, Australia 24 January 2025. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот, Новак Ѓоковиќ, пред неколку години ја основа ПТПА, организација на тениски професионалци, со цел да се избори за подобри услови за своите колеги. Деновиве ПТПА е во центарот на вниманието на светските медиуми, бидејќи е покрената најголемата судска постапка во историјата на тенисот – нападнат е „тенискиот картел“, поточно АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА организациите, а и четири грен-слем турнири не се изоставени од нападите.

Новак Ѓоковиќ не ја потпишал тужбата и има добра причина за тоа. По неколкудневни шпекулации, српскиот тенисер за првпат проговори за да открие што навистина се случува во процесот што го иницираше ПТПА. Според него, тој би сакал следната генерација тенисери да се засили и да ја поддржи борбата на ПТПА против управните тела на спортот. Ѓоковиќ прво објасни зошто неговото име лично не е на документите поднесени оваа недела, велејќи дека негова желба е да види како другите ја преземаат палката што тој ја носеше во поголемиот дел од неговата кариера.

„Општо земено, чувствувам дека не морам да го потпишам писмото затоа што сакам да се вклучат и други играчи“, рече тој, додавајќи: „Бев многу активен, мислам во тениската политика, така да се каже. Блиску сум до крајот на мојата кариера, а многу играчи бараат од мене да зборувам и да разговарам за овие прашања. Сакам да сфатат дека овие прашања се важни за нив, а не само за мене, и за другите играчи што ги претставуваат.

 

ИЗДВОЕНИ