Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека Исламската држава ќе се обиде да го искористи овој период за повторно да ги воспостави своите капацитети во Сирија, нагласувајќи дека САД се решени да не дозволат тоа да се случи.
Тој посочи дека соборувањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад претставува голема можност за Сирија, но дека со себе носи и значителен ризик.
Блинкен нагласи дека сирискиот народ мора сам да ја избере својата иднина и дека постои јасен интерес да се избегне фрагментација на Сирија, пренесе Ројтерс.
Тој исто така нагласи дека мора да се спречи ширењето на тероризмот и екстремизмот од Сирија.
Тој исто така рече дека изјавите на лидерите на сириските бунтовници за градење инклузивно владеење се добредојдени, но дека вистинските мерки ќе бидат акциите што ќе ги преземат на овој план.
Поранешниот сириски премиер Мохамед ал Џалали за телевизијата Ал Арабија вчера изјави дека се согласил да ја предаде власта на бунтовничката влада на национално единство.